Утрински Весник
Македонија

Истрага и притвор за дилер на дрога и психотропни супстанции од Илинден

Претрес во Виница, приведен дилер, пронајдена дрога

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен скопјанец, осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

При претрес во домот на осомничениот во Илинден, полицијата пронашла 538 грама марихуана, потоа 320,64 грама амфетамин, како и 6,9 грама психотропна супстанција МДМА. Заедно со дрогата била одземена дигитална вага и парични средства за кои постои сомнение дека биле остварени со илегална продажба на дрога.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и опасност да го повтори делото. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и со решение му определи притвор на осомничениот во траење од 30 дена.​

Можете да прочитате

Левица: ДПМНЕ дрско го одби амандманот на Левица за решавање на проблемот со депонијата во Кочани

СДСМ: Апсурдно, Мицкоски врши партизација а ветува деполитизација

Спасовски со честитика за 55 години постоење на Хеликоптерската единица на МВР