Утрински Весник
Македонија

Османи со шефовите на делегации на ЕУ: ОБСЕ и ЕУ имаат заеднички интереси и треба заедно да дејствуваат

Османи со шефовите на делегации на ЕУ: ОБСЕ и ЕУ имаат заеднички интереси и треба заедно да дејствуваат

Постои цврста врска помеѓу ОБСЕ и Европската Унија. Сите земји-членки на ЕУ се и земји-учеснички на ОБСЕ, што создава поволен простор да работиме заедно во исполнувањето на нашите заеднички обврски.

dobivaj vesti na viber

Ова го истакна Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи на состанокот со шефовите на делегациите на земјите-членки на ЕУ во седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Османи ги претстави клучните приоритети и области во кои ОБСЕ и ЕУ можат да соработуваат – обезбедување мир во Европа преку ставање крај на војната во Украина преку употреба на механизмите и ресурсите што ги поседуваат, и ОБСЕ и Унијата, за одговор на сите безбедносни предизвици.

„Ја цениме поддршката, отвореноста и конструктивноста од земјите-членки на ЕУ за најактуелните прашања во врска со предизвиците и приоритетите на Претседателството. Во овој контекст, политички ќе ја продолжиме блиската соработка во рамките на ЕУ, но и на национално ниво ќе продолжиме да ги координираме нашите позиции со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ“, рече Османи.

Воедно, Османи пред шефовите на делегации на ЕУ ги претстави приоритетите на Претседателството на Северна Македонија со ОБСЕ, како и прашањата од доменот на функционалноста на Организацијата.

„Северна Македонија обезбедува политичко раководство на ОБСЕ, стремејќи се да придонесе во клучните процеси за севкупната европска безбедност. Без разлика колку се вознемирувачки и обесхрабрувачки последните случувања на терен, ние ќе продолжиме упорно да работиме на дипломатско решение“, потенцираше Османи.

 

Можете да прочитате

Началникот на ГШ на Армијата на конференција на Воениот комитет на НАТО

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег

Сообраќајот по влажни коловози и кашест снег, забрана за камиони на неколку патни правци