Утрински Весник
Економија

Бочварски: Или ќе бидеме крстосница и главна европска рута на Балканот или сите ќе нè заобиколуваат

Бочварски: Или ќе бидеме крстосница и главна европска рута на Балканот или сите ќе нè заобиколуваат
Dik 300x250 mk

Законските измени ќе ни овозможат побрза и поефикасна реализација на проектите од стратешки интерес за државата кои се однесуваат на патишта, железница, гасоводи, енергетски и други инфраструктурни градби од јавен и национален интерес. Преку овие измени ги забрзуваме процедурите и ги намалуваме роковите заради ефикасност и економичност во изградбата, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на денешната прес – конференција.

dobivaj vesti na viber

Министерството за транспорт и врски предложи измени во Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење. Преку законските измени се воспоставува нов модел на изградба и модернизација на целокупната инфраструктурна мрежа.

„Во Законот за урбанистичко планирање се предвидува нов тип на урбанистички проекти за градби од стратешки интерес и роковите за постапување на институциите се многу пократки заради брза реализација на терен. Нова измена е и тоа што проектот го одобрува Владата. Во делот на Законот за градење единствена разлика е тоа што временски ја намалуваме административната постапка бидејќи инвеститорот ќе може да започне со фазна градба на поедини делови кои се имотно-правно чисти. Ова го повторувам неколку пати како и во сегашниот Закон и со измените, се запазуваат сите фази на градење и проектот мора да биде потврден со позитивна ревизија. На крај на изградбата Министерството за транспорт и врски, како и до сега, издава одобрение за употреба, но претходно мора да се направи технички преглед и да се утврди дали градбата е изградена во согласност со проектот“, изјави Бочварски.

Предлог измените, и во двата закони, како што велат од министерството, се однесуваат на постапките за изградба на патиштата, железнички пруги, магистрални гасоводи, енергетски градби и други инфраструктурни градби од јавен интерес од национална важност чија изградба како градби од јавен интерес е предвидена со урбанистички проект за градби од стратешки интерес.

Можете да прочитате

Намален за 2,8 проценти бројот на работници во индустријата во септември на годишно ниво

Во изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во септември ангажирани 2277 лица

Гувернерот Славески: Штедењето е системска неопходност за одржлив раст и стабилност