Утрински Весник
Македонија

Нема експлоатација на работниците, ќе имаат дневен одмор од најмалку 12 часа, уверува заменик- министерот Хусејин  

Нема експлоатација на работниците, ќе имаат дневен одмор од најмалку 12 часа, уверува заменик- министерот Хусејин  

Заменик министерот за труд и социјала Енвер Хусејин претставувајќи ги измените на законот за работни односи со кои се олеснува и забрзува работата на коридорите 8 и 10 д уверува дека работниците нема да бидат експлоатирани. Појасни дека не се работи за работна недела од 60 часа туку за прекувремена работа и се пофали дека на секој работник ќе му биде гарантиран дневен одмор од најмалку 12 часа.

dobivaj vesti na viber

„Она што е важно да се напомене е дека изградбата на коридорите 8 и 10 д во никаков случај нема да претставува експлоатација на работниците и нарушување на нивните права загарантирани со закон. Нема да дозволиме ниту еден работник да биде експлоатиран, на ниту еден работник нема да му биде нарушено работничкото право. Сакам да потенцирам дека станува збор за прекувремена работа, а прекувремената работа секогаш постоела во градежништвото. Прекувремената работа не значи 60 часа неделно и не значи дека во текот на целата година ќе има прекувремена работа. Тоа ќе зависи од временските услови за работата на терен односно поинтензивно ќе се работи во месеците во пролет, лето и средината на есен. Ќе има и денови кога нема да има потреба од прекувремена работа. Секој прекувремен час ќе им биде исплатен 35 %, согласно закон и колективен договор. Секој работник ќе потпише изјава дали сака да работи прекувремено и доколку не сака нема да биде принуден со сила да работи прекувремено“, објасни денес заменик-министерот Хусејун.

Министерството за труд бара измена на одредбата од законот која се однесува на прекувремена работа. Заменик – министерот Хусејин вели дека ја бараат поради потребата од континуитет во работењето. Барањето е прекувремената работа да трае повеќе од осум часа неделно и 190 часа годишно.

„Работата над 40 часа неделно ќе се смета и ќе се плаќа како прекувремена работа со задолжително почитување на одредбите на дневен и неделен одмор, согласно овој закон. Тоа значи дека работникот ќе има право на дневен одмор од најмалку 12 часа непрекинато меѓу два последователни денови во текот на 24 часа. Исто така работникот има право на неделен одмор во траење од најмалку 24 часа непрекинато, плус 12 часа дневен одмор. Дополнително, поради природата на работите и задачите во работите што се вршат од национален интерес се јави потреба истите да може да се спроведуваат и во недела“, рече заменик-министерот за труд Хусејин.

Владата денес предложи пет предлог-закони за олеснување на изградбата на коридорите кои ќе бидат со европско знаме по очигледната блокада од опозицијата на предложите измени кои се веќе во собраниска процедура.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје