Утрински Весник
Спорт

Напаѓач од Монпелје ќе го засили Милан

Напаѓач од Монпелје ќе го засили Милан
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Приоритетна задача за спортскиот сектор на Милан во летниот преоден рок ќе биде во клубот да дојде нов напаѓач.

dobivaj vesti na viber

Извесно е дека Златан Ибрахимовиќ ќе ја заврши кариерата, годините полека го газат Оливие Жиру, а Дивок Ориги не се покажа како квалитетно решение.

Според италијанските медиуми, Паоало Малдини започнал преговори со Монпелје околу нивниот напаѓач.

Станува збор за Елије Вахи (20) и оваа сезона за Монпелје постигна 13 гола на 29 натпревари. Цената на трансферот би била 25 милиони евра.

Да потсетиме, Монпелје го донесе Вахи бесплатно во летото 2018 година кога уште беше тинејџер.

 

Можете да прочитате

Десетта победа за ТФТ во првенството

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025