Утрински Весник
Свет

Една жена е убиена, уште четири се повредени во пукање во Атланта

Откриена тајна кинеска полициска станица во Њујорк, уапсени двајца мажи

Американската полиција уапси маж осомничен дека убил една и ранил уште четири жени во престрелка во центарот на Атланта во средата, соопштија властите, велејќи дека напаѓачот украл возило за да побегне од местото на настанот.

dobivaj vesti na viber

Осомничениот вооружен напаѓач, идентификуван од полицијата како 24-годишниот Дејон Патерсон, е поранешен припадник на американската крајбрежна стража.

Полицијата во Атланта претходно го опиша како „вооружен и опасен“. Патерсон беше приведен во приградската област Коб, северно од градот, само неколку часа откако отвори оган во здравствениот центар околу пладне по локално време во средата.

Сите пет жртви на нападот се жени, објави Ројтерс.

Шефот на полицијата на Атланта, Дарин Ширбом, на прес-конференција рече дека е премногу рано во истрагата да се утврди дали жените биле намерна цел и дали се работи за пациенти или вработени во медицинскиот центар Нортсајд, каде што се случило пукањето.

Напаѓачот дошол во здравствениот дом со мајка си, но таа не е повредена, потврди началникот на полицијата, додавајќи дека мајката на напаѓачот соработува со истражителите.

Во јавноста се познати малку детали за напаѓачот. Американската крајбрежна стража соопшти дека Петерсон ѝ се придружил на службата во јули 2018 година, од која беше отстранет во јануари оваа година, но не кажа кои се причините за неговото сменување.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години