Утрински Весник
Спорт

Халанд го урна рекордот, Сити пак се први

Халанд го урна рекордот, Сити пак се први
Dik 300x250 mk

Ерлинг Халанд го урна рекордот на Енди Кол и Алан Ширер по бројот на голови во една сезона од Премиерлигата, стрелајќи по 35. пат оваа сезона за да помогне Манчестер сити да стигнат до убедлива 3:0 победа над Вест хем и да се вратат на првото место на табелата во Премиерлигата. Ливерпул, пак, со минимални 1:0 беа подобри од Фулам за да останат во трка за топ 4 пласман на крајот на сезоната.

dobivaj vesti na viber

Сити се намачија во првото полувреме против „чеканите“, пред Нејтан Аке во 50. минута да го отвори резултатот по асистенцијата на Ријад Марез. Халанд зголеми на 2:0 во 70. минута со својот 35-ти премиерлигашки гол за бришење на рекордот на Кол и Ширер, кои го поставија во текот на 1990-тите, кога лигата имаше 22 клуба, односно се играа 42 меча, за разлика од сегашните 38. Точка на мечот стави Фил Фоден во 85. минута.

На „Енфилд“, пак, по релативно „лесен“ пенал кој беше досуден над Дарвин Нуњез, Мохамед Салах во 39. минута беше прецизен за нови важни три поени во трката за пласман во Европа.

ПРЕМИЕРЛИГА, ОДЛОЖЕНИ МЕЧЕВИ
Манчестер сити – Вест хем 3:0
Ливерпул – Фулам 1:0

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони