Утрински Весник
Македонија

Ковачевски од Советот за безбедност: Северна Македонија е фактор на стабилност

Ковачевски од Советот за безбедност: Северна Македонија е фактор на стабилност

Премиерот Димитар Ковачевски денес, се обрати пред членовите на Совет за безбедност на Обединетите Нации во Њујорк.

dobivaj vesti na viber

Премиерот Ковачевски упати честитки за првото Претседавање на Швајцарија со Советот за безбедност и ја поздрави денешната дебата посветена на прашањето на мирот.

„Денес, кога имаме морална обврска да придонесеме кон Новата Агенда за мир, не можеме, а да не ги погледнеме искуствата на старата Агенда од 1992 и почетоците на долгогодишната прва и единствена превентивна Мисија на ОН, во нашата земја, пред 30 години. Од земја која пред 30 години беше домаќин на мировни мисии, денес сме фактор на стабилност и домаќини на преговори помеѓу други земји“, рече тој.

Неопходно е како што рече, да ја засилиме довербата во нашите институции, во ОН, во правдата.

„Денес сите ние заедно мора повторно да застанеме на страната на мирот и повторно да се заложиме за почитување на Повелбата на Обединетите нации.

„Како рамноправен дел од тогашната Федерација која била меѓу основачите на ОН, но и како држава која пред 30 години се стекна со свое самостојно место во оваа Организација, Република Северна Македонија го крева својот глас и ја споделува крајната загриженост од кризата што ја притиска Организацијата на Обединетите Нации, но и меѓународниот правен поредок, светскиот мир и стабилност.

Новата Агенда за мир на Генералниот Секретар Гутереш е шанса што треба да ја искористиме и во функција на создавање услови за многу поединствена акција, со свест за растечките ризици. Утрешниот ден ќе не праша што сме правеле денес, како што денес се прашуваме зошто не сме дејствувале вчера. Потребен ни е мир“, потенцира Ковачевски од Советот за безбедност.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор