Интернационалниот фестивал на дуодрама БРАНКО ЃОРЧЕВ – Неготино оваа година ќе биде одржан од 10.5 до 13.5.2023 на сцената на НУЦК „Ацо Ѓорчев“ – Неготино. Организатор на фестивалот е Театар „Провокација“, а покровител е Општина Неготино.
Селектор на фестивалот е актерката од НУ Театар „Комедија“ – Мирјана Поповска-Ристов, која ги селектира следниве претстави, кои ќе се прикажуваат по следниот редослед:
10.5.2023 од 20 ч – БРАЧНА КОМЕДИЈА, режија: Иван Томашевиќ, СЦЕНА МАСКА – Р. Србија.
11.5.2023 од 20 ч – ЗА НАС ПОЧНУВА ЖИВОТ, режија: Дејан Пројковски, продуцент: Нино Леви – Р. Македонија.
12.5.2023 од 11 ч – ЈАС СУМ АКИКО, режија: Роберт Ристов, Театар „Провокација“ – Р. Македонија (оваа дуодрама за деца не е дел од официјалната конкуренција).
12.5.2023 од 20 ч – CANDY, режија: Тамара Стојаноска, ТЕАТАР ЗЛАТЕН ЕЛЕЦ – Р. Македонија.
13.5.2023 од 19.30 ч – БЕБА, режија: Љубомир Керекеш, ТЕАТАР КЕРЕКЕШ – Р. Хрватска.
Фестивалот е од натпреварувачки карактер и ќе бидат доделени наградите: НАЈДОБРА МАШКА УЛОГА, НАЈДОБРА ЖЕНСКА УЛОГА, НАЈДОБРА ПАРТНЕРСКА ИГРА и НАДОБРА ПРЕТСТАВА. Жири-комисијата го задржува правото да додели дополнителни награди доколку некоја од претставите се издвојува во одредена неспомната категорија, а која заслужува да биде наградена.
Ова се членовите на жири-комисијата: Васил Зафирчев (актер од ТЕАТАР ЏИНОТ – Велес) , Селпин Керим (актер од Турскиот театар – Скопје) и Роберт Ристов (актер од ТЕАТАР КОМЕДИЈА – Скопје).
(ПР)