Утрински Весник
Спорт

Нов шок во Анадолу Ефес: Крис Синглтон доживеал срцев удар!

Нов шок во Анадолу Ефес: Крис Синглтон доживеал срцев удар!

Кошаркарот на Анадолу Ефес, Крис Синглтон, доживеал срцев удар. Тој е префрлен во болница каде ќе му бидат извршени детални медицински прегледи.

dobivaj vesti na viber

Синглтон почувствувал силна болка во градите и итно бил пренесен во болница каде било утврдено дека преживеал срцев удар.

„Коронарната ангиографија на Крис Синглтон, кој денес беше тестиран по силните болки во градите, е чиста. Ќе му бидат направени детални прегледи и некое време ќе биде задржан во болница за да се утврди состојбата“, соопштија од Анадолу Ефес.

Ова е втора голема несреќа во тимот на Анадолу Ефес, откако пред неколку дена Брајан Данстон доживеа тешка сообраќајка.

Можете да прочитате

Турнејата на Меси низ Индија започна во хаос, лутите навивачи фрлаа седишта на теренот

Работнички против МЗТ, а сите за Силјан

ФФМ: Нов селектор најдоцна до 25 декември