Артан Груби и Димитар Ковачевски веќе исплатија 117 милиони евра авнас, а за кратко време таа вредност заедно со пенали ќе достигне скоро 300 милиони евра, а градежни работи на коридорите нема ниту во најава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Два месеци од потпишувањето на Договорот за коридорите 8 и 10д, еден месец од спектакуларното отворање на изградбата, останата е само таблата. Но затоа од буџетот се исплатени 117 милиони евра според делот од договорот наречен contractor establishment payment, што го потпишаа Груби и Ковачевски на штета на буџетот и даночните обврзници во Македонија.
Договорот кој ВМРО-ДПМНЕ го доби од свиркач, а Владата досега не го демантираше, на страница 119 вели: “Плаќањето се ресурси за проектот за изведувачот, да се иницираат пред-градежни и административни активности, како што се формирање канцеларија на изведувачот, кампови и капацитети за поддршка на пред-градежните активности, подготовки, планот за безбедност на локацијата и здравје, првична испорака на опрема и материјали” (ама веројатно материјали за кампот и канцелариите) како “и формирање лабораторија”.
Ниту една од овие ставки не најавува дека почнува градежна активност. Приватна фирма разбирливо е да го максимализира својот профит и своите бенефиции, ама влада е недозволиво е на прифаќа вакви обврски и договори на штета на државата. За ова мора да има одговорност“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.