Медиуите сметаат дека темата „Во чест на Карл“ на овогодинешната модна екстраваганза во Њујорк, е контроверзна затоа што во текот на својот живот, дизајнерот Карл Лагерфелд даваше коментари против дебелината, против исламот и беше критички настроен кон женското тело.
Тој еднаш дури и испрати цвеќе на обвинет силувач, наведувајќи дека му е доста од движењето #MeToo.
Така, одлуката на „Мет Гала“ да му оддаде почест на дизајнерот не им се допадна на многу луѓе. Сепак, настанот собра околу 400 гости, главно актери, музичари и модели.
Меѓу многуте познати личности на најголемиот моден настан што се одржа во њујоршкиот Метрополитен музеј на уметност во понеделникот, се чинеше дека десетина гости суптилно го исмеваа Лагерфелд со своите модни комбинации, односно розовата боја.
Можеше да се забележи дека повеќето од славните носеа црни или бели комбинации. Причината е најверојатно затоа што, според книгата The World From to Carl на модниот писател Патрик Мори, контроверзниот дизајнер еднаш рекол: „Мисли розово. Но, не го носи”.
Без разлика дали намерно или случајно, некои познати личности се појавија во впечатливата боја која Лагерфелд не би ја одобрил.
Наоми Кембел, Вајола Дејвис, Џенифер Лопез, Карди Би, Ешли Греам и неколку други беа меѓу гостите кои избраа розова облека за црвениот тепих на МЕТ ГАЛА 2023.
Инаку, плус сајз моделот Ешли Грејм беше мета на критики за нејзиното појавување на Мет Гала посветена на Карл Лагерфелд.
„Мразеше жени со облини“, „Жалам што плус сајз модел слави маж кој мразеше плус сајз жени и кажуваше ужасни работи за нив“, „Лицемерно од тебе, тој мразеше дебели жени“, се само дел од коментарите под нејзините објави на „Инстаграм“.