Утрински Весник
Спорт

Николиќ: Ме казнија како да сум сериски убиец!

Николиќ: Ме казнија како да сум сериски убиец!

Српскиот кошаркарски тренер Драган Николиќ доби жестока казна од Кошаркарската федерација на Македонија од десет натпревари поради скандалот што го направи на мечот со Кожув, а тоа му донесе и експресна разделба со МЗТ Скопје Аеродром.

dobivaj vesti na viber

Гаги Николиќ е разочаран од целиот епилог, па се пожали во српските медиуми.

„Од мене направија сериски убиец. Мојата намера беше да ги размрдам моите играчи, не не сонував дека на мене ќе налета Американецот Мајрон Гордон. тој тргна кон мене, а јас веднаш му подадов рака со извинување и тој тоа го прифати. Се поздравив и со колегата, потоа и со судиите и заминав во соблекувалната. Знаев дека ќе бидам казнет, но не вала драстично. Официјална суспензија на десет натпревари. Ова е пекол за мене, одземена ми е титулата шампион на Македонија“, изјави Николиќ за „Спортски Журнал“.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина