Утрински Весник
Свет

Телохранител во Уганда го убил министерот што требало да го штити, бил незадоволен од платата

Телохранител во Уганда го убил министерот што требало да го штити, бил незадоволен од платата

Телохранител го застрелал и го убил Чарлс Енгола, министер во владата на Уганда, објавија локалните медиуми и војската.

dobivaj vesti na viber

Инаку, потврдено е дека телохранителот бил припадник на националната армија.

Портпаролот на армијата Феликс Кулајгје во кратка изјава рече дека „несреќен инцидент“ довел до убиството на Енгола.

„Ќе ја информираме јавноста за деталите кога заеднички ќе го истражиме ова прашање“, напиша Кулајгје на Твитер. Пукањето се случило во куќата на Енгола во главниот град на Уганда, пишува „Асошиетед прес“.

Полицијата веднаш по пријавата пристигнала на местото на пукањето. Мотивот се уште е нејасен, но локалниот печат пишува дека имало очигледен спор околу платата на телохранителот.

„Сведоците тврдат дека тој долго време се жалел дека не добил плата иако работел за министерот“, пишува весникот „NilePost“.

Ова не е прв ваков инцидент во Уганда, бидејќи во претходните години во вооружени напади беа убиени и други високи функционери, анализираат медиумите. Во 2021 година, поранешен началник на армијата во Уганда беше ранет, а неговата ќерка беше убиена кога вооружени лица пукаа врз нивното возило во Кампала.

Можете да прочитате

Куба ќе ослободи 553 затвореници откако САД ја отстранија од листата на земји кои го спонзорираат тероризмот

Приведен суспендираниот претседател на Јужна Кореја, Јун

Пезешкијан: Никогаш немавме намера да го убиеме Доналд Трамп