Утрински Весник
Свет

Лав уби шестгодишно момче во зоолошка градина во Палестина

Лав уби шестгодишно момче  во зоолошка градина во Палестина

Полицијата во Палестина објави дека лав убил шестгодишно момче во зоолошка градина во Појасот Газа.

dobivaj vesti na viber

Информират дека 6-годишниот Хамад Иктиет се качил на оградата на зоолошката градина во градот Кан Јунис и стигнал до отворот во кафезот пред да биде нападнат од лавот, пренесува „The Times of Israel“.

Семејството на момчето ги негираше полициските наводи, тврдејќи дека момчето кое со мајка си и другите членови на семејството ја посетувало зоолошката градина стигнало само до надворешната ограда. Тие нагласија како лавот кој стоел покрај таа ограда го нападнал момчето.

Ова е прв познат случај животно да убие човек во една од приватните зоолошки градини на пренаселената и сиромашна палестинска територија, пишуваат агенциите. Според написите, Газа има неколку мали приватни зоолошки градини каде животните се чуваат во очајни услови.

Истите анализираат дека животните таму живеат во екстремно лоши услови поради негрижа, глад, недостаток на медицинска нега и постојани конфликти меѓу Израел и Хамас. Меѓународните групи за заштита на животните спроведоа неколку мисии за евакуација на животните, особено лавовите, во безбедни засолништа во Јордан и Африка.

Можете да прочитате

Куба ќе ослободи 553 затвореници откако САД ја отстранија од листата на земји кои го спонзорираат тероризмот

Приведен суспендираниот претседател на Јужна Кореја, Јун

Пезешкијан: Никогаш немавме намера да го убиеме Доналд Трамп