Утрински Весник
Свет

(Видео) Авион се урна на автопат во Панама

(Видео) Авион се урна на автопат во Панама

Авион „Цесна 172 Скајхок“ се урна на сред автопат во Панама во понеделникот на 1 мај, при што преживеаја пилотот и тројца патници.

dobivaj vesti na viber

Во авионот имало четири лица, а според надлежните, авионот е целосно уништен, додека патниците се во стабилна состојба.

Патниците од авионот ја снимиле ситуацијата која се одвивала во леталото, додека пилотот се обидувал безбедно да го приземји.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледаат остатоците од авионот, додека службите за итни случаи се околу него.

Се уште не е познато што довело до принудното слетување.

Можете да прочитате

Хакери во Берлин објавија украдени податоци откако градот одби да плати откуп

Фронтекс за првпат распоредува патролен брод во Ламанш

САД соопштија дека собориле 11 дронови поврзани со наркокартели на границата со Мексико, користејќи ласерско оружје