Утрински Весник
Спорт

Лестер и Евертон одиграа жестоко и на крајот ремизираа во битката за опстанок

Лестер и Евертон одиграа жестоко и на крајот ремизираа во битката за опстанок

Лестер и Евертон имаа жесток дуел во еден од директните дуели за опстанок во Премиерлигата  и на крајот ремизираа 2:2. Лестер е за нијанса над опасната зона со 30 бода, додека Евертон со еден бод помалку е меѓу загрозените екипи за испаѓање од елитата.

dobivaj vesti na viber

Доминик Калверт-Луин во 15.минута донесе водство за гостите, а Чаглар Сојунчу и Џејми Варди се погрижија за пресврт уште во првиот дел. Згора на тоа, Џек Медисон не реализира пенал, откако Џордан Пикфорд го одбрани неговиот удар.

Евертон сепак израмни во второто полувреме со голот на Алекс Ајвоби во 54.минута од мечот.



Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026