Утрински Весник
Свет

(Видео) Искршени постојки и излози, запалени автомобили, солзавец – прведени 300 демонстранти на протестите во Франција

(Видео) Искршени постојки и излози, запалени автомобили, солзавец – прведени 300 демонстранти на протестите во Франција

Повеќе од 290 лица се уапсени, а повеќе од 100 полицајци се повредени во судирите меѓу полицајците и демонстрантите во Франција, соопштија официјални лица.

dobivaj vesti na viber

За време на првомајските протести во Франција, според податоците на синдикатот се собрале 2,3 милиони лица, а полицијата навела бројка од околу 780.000 луѓе, пренесе БФМ ТВ.

Француската полиција се судри со демонстрантите кои употребија солзавец додека демонстрантите фрлаа молотови коктели, огномети, запалија велосипеди  и кршеа автобуски постојки.

https://www.youtube.com/watch?v=EHsGFvJ1pvA

Во Лион и Нант се запалени некои возила, а уништени се деловни простории.

„Однесувањето на огромното мнозинство демонстранти кои денеска протестираа на улиците на француските градови, главно во Париз, Лион и Нант, беше мирно и неслучајно, француската полиција се соочи со помала група екстремни насилници кои излегуваат на улици само со цел да се судрат и да повредат припадници на полицијата и крадат“, објави денеска на својот Твитер профил францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дарманен.

Според него, париски полицаец е тешко повреден во напад со молотов коктел. Обвинителот во Нант соопшти дека 28-годишен учесник во демонстрациите е тешко повреден и оти засега не се познати околностите на несреќата.

Француските синдикати соопштија дека првомајските протести биле „историски и празнични“ со околу 2,3 милиони луѓе кои учествувале низ целата земја, но Министерството за внатрешни работи соопшти дека околу 782.000 луѓе се собрале во француските градови на првомајските протести.

Околу 18:00 часот на плоштадот во Париз продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, која употреби водени топови, а потоа интервенираше специјална моторизирана бригада за сузбивање на насилните немири.

Можете да прочитате

Во Холандија се зголемува бројот на пациенти кои преживуваат рак

Трамп потпиша извршна наредба за укинување на санкциите врз Сирија

САД дќе му продадат муниција на Израел во вредност од 510 милиони долари