Утрински Весник
Спорт

Реал ќе потроши 200 милиони за наследниците на Крос и Модриќ

Реал ќе потроши 200 милиони за наследниците на Крос и Модриќ
Dik 300x250 mk

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид напорно работи на засилувања пред сезоната 2023/24. Иако тимот се бори за трофеи во Лигата на шампионите и во Копа дел Реј, Флорентино Перез и неговите соработници работат на потенцијални засилувања.

dobivaj vesti na viber

Прв на списокот и понатаму е Џуд Белингем и се чини дека Англичанецот има желба да се пресели во Мадрид. Реал сака да ги искористи добрите односи со Борусија Дортмунд, но цената секако е превисока – 150 милиони евра.

Реал најверојатно ќе понуди 100 со бонуси и ќе го чека одговорот на Борусија. Додека ги чека „милионерите“, Перез веќе преговара со дру играч, талентираниот Габи Веига.

20. годишникот игра за Селта, за него се интересираат неколку големи европски клубови, но Реал го има главниот збор. Мадриѓаните се подготвени да платат околу 50 милиони евра за неговиот трансфер, со клубот би се обезбедил за во иднина, заедно со Камавинга, Валверде и Чуамени.

Секако, се очекува Лука Модриќ и Тони Крос да играат уште една сезона, а Белингем и Веига да бидат замените.

Тој пакет ќе чини близу 200 милиони евра, но Перез смета дека се работи за вистинска инвестиција. Веига има 20 години, Белингем 19, Камавинга 20, Валверде 24, Чуамени 23…

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето