Утрински Весник
Македонија

Криењето значи дека во него е содржана измама која е премногу очигледна, вели Најчевска за договорот со „Бехтел и Енка“

Криењето значи дека во него е содржана измама која е премногу очигледна, вели Најчевска за договорот со „Бехтел и Енка“

Три месеци од јавноста се крие договорот склучен помеѓу Македонија и „Бехтел и Енка“, за изградбата на коридорот 8 и 10-д. Договорот е причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата, а граѓаните можат да веруваат само на збор оти документите се чуваат во фиока. Оправдувањето на Владата е дека во него имало клаузула за тајност. Професорката по право, Мирјана Најчевска, смета дека криењето на договорот значи дека во него има некаква измама.

dobivaj vesti na viber

„Сите граѓани имаат право да го видат договорот со кој се градат патишта. Секое криење на ваков договор значи дека во него е содржана таква измама која е премногу очигледна за секого. Договорите се склучуваат врз основа на постоечки закони а не се менуваат закони врз основа на склучени договори“, посочува Најчевска.

Во исто време, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека Владата презела обврски кон „Бехтел и Енка“ од стотици милиони евра, а се’ уште шајка не е закована.

Истовремено, државата почнала да ги троши предвидените 1,3 милион евра за изградба на коридорите 8 и 10 д. Премиерот Димитар Ковачевски потврди дека Владата го дала овластувањето за префрлање на парите, но и покрај обвинувањето од опозицијата дека се полни сметката на изведувачот „Бехтел и Енка“ иако немаат ниту шајка заковано, премиерот тврди дека сè е во согласност со потпишаниот договор и не се работи за пенали.

СДСМ пак, тврди дека се прави хајка насочена кон „Бехтел и Енка“, од страна на опозицијата.

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски