Утрински Весник
Свет

Русите собориле американски шпионски дрон

Руската армија соборила американско беспилотно летало кое украинската армија го користи за да ја набљудува ситуацијата во регионот Запорожје.

dobivaj vesti na viber

Неименуван извор од руските вооружени сили додаде дека се работи за дрон произведен од американската компанија „АероВиронмент“.

Изворот вели и дека со анализата на соборениот дрон е утврдено оти тој е способен да врши извидничка активност без директна активност на операторот кој го контролира леталото.

Претходно, лидерот на Крим, Сергеј Аксјонов, изјави дека над полуостровот во утринските часови биле уништени два дрона – едниот бил соборен, а другиот уништен со помош на средства за електронска војна.

„Во исто време со нападот на Севастопол, силите за воздушна одбрана соборија еден беспилотен авион над Крим, а другиот беше уништен со помош на средства за електронска војна. Немаше жртви или штета“, напиша Аксјонов на Телеграм.

Можете да прочитате

САД почнале да планираат напад врз Иран, велат американски медиуми

Oбвинителството на Иран се закани со смртни казни за демонстрантите

Масовни протести низ САД откако агент на ICE уби жена