Утрински Весник
Свет

Филмски грабеж во Париз: Украден накит од златарата „Булгари“

Филмски грабеж во Париз: Украден накит од златарата „Булгари“

Златарата „Булгари“ на плоштадот Вендом во првиот париски арондисман денеска е ограбена, јавува француска ТВ БФМ.

dobivaj vesti na viber

Тројцата разбојници со два мотори успеале да побегнат од местото на злосторството и полицијата трага по нив.

Лицата им биле сокриени со качулки, а со себе носеле оружје. Засега не се знае колку накит е украден.

Ова не е прв пат да биде ограбена златарницата „Булгари“ во Париз. Во септември 2021 година, разбојници со качулки и пиштоли ја ограбија златарницата и одзедоа накит вреден 10 милиони евра.

Можете да прочитате

Локални избори во Франција – тест за политичкото расположение пред претседателските избори

Мнозинството Унгарци се против Зеленски: За Украина нема место во ЕУ

Песков: Европејците прават сè за да ја убедат Украина да продолжи со војната