Утрински Весник
Спорт

Газдата на Шефилд Јунајтед го стави клубот на продажба

Газдата на Шефилд Јунајтед го стави клубот на продажба
Dik 300x250 mk

Фудбалерите на Шефилд Јунајтед изборија пласман во Премиер лигата, но нивниот сопственик, принцот Абдула бин Мусаид планира да го продаде клубот.

dobivaj vesti na viber

Саудискиот принц склучил договор со нигерискиот бизнисмен Дози Момбуоси пред Божиќ, со што би добил 115 милиони фунти.

Сепак, сопственикот на клубот сега бара други купувачи и се надева дека пред почетокот на сезоната ќе биде познат новиот газда.

„Ако дојдеме до одлука, сакам да биде пред подготовките за следната сезона, за да не се одрази на тимот. Ако сме во клубот, ќе го водиме најдобро што можеме. Мојата намера е да се продаде, но ништо не е загарантирано“, изјави Саудиецот.

Шефилд по две сезони поминати во Чемпионшип се враќа Премиерлигата, а потврда за нивниот квалитет оваа сезона беше ФА Купот каде во полуфиналето беае елиминирани од Манчестер Сити.

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс