Утрински Весник
Свет

Возачот на итната помош Осијек што возел до Загреб со помош на полиција да спаси девојче: Срцето ми е полно

Возачот на итната помош Осијек што возел до Загреб со помош на полиција да спаси девојче: Срцето ми е полно
Dik 300x250 mk

Двегодишно дете било примено во болницата во Осиек во тешка состојба поради воспаление на белите дробови и му требало итен транспорт до Загреб. Поради проблеми во сообраќајот, возачот на Итната помош Осијек на помош ја повикал загрепската полиција, која се упатила пред амбулантата и помогнала до побрз транспорт кон болницата во Загреб. Благодарение на нив, детето навреме пристигнало, каде лекарите успеале да му го спасат животот.

dobivaj vesti na viber

„Ме натера некоја интуиција. Се јавив да видам колкава е гужвата низ сообраќајот, рекоа дека е преполно, дека не можат да помогнат. Ја повикав полицијата. Голема пофалби до господинот кој го прими повикот , младиот полицаец кој ја заврши работата, изјави возачот Лука Новаковиќ за хрватските медиуми.

„Убав настан е кога знаеш дека си помогнал некому. Мило ми е што имаме толку добар однос со полицијата. Срцето е полно!“, додаде тој.

Детето било во тешка состојба, интубирано и на кислородна поддршка.

Можете да прочитате

Зеленски за ситуацијата на фронтот: Разберете колку ни е тешко

Едно лице повредено при делумно уривање на средновековна кула во Рим

Орбан: Финансирањето на Украина не е работа на Унгарија