Утрински Весник
Македонија

Затворениците спијат по ходници, полицајците без униформи, „Идризово“ пред колапс – интервју со директорот Јовановски

Затворениците спијат по ходници, полицајците без униформи, „Идризово“ пред колапс – интервју со директорот Јовановски
Dik 300x250 mk

Само човек од челик може да го издржи затворот „Идризово“ со претрупани ходници од затвореници, вработени без униформи, установа без кадар поради боледувања, одмори и оставки. Новиот директор Зоран Јовановски чиј прекар е толку Челик, а има титула генерал-мајор, во интервју за „Макфакс“ сведочи за состојбата која ја затекнал и треба да ја промени.

dobivaj vesti na viber

Јовановски посочува дека дошол во „Идризово“ за од криминогена, установата да ја направи продуктивна. Во исто време затвореници спијат по ходници издржувајќи затворска казна. Прашан што видел кога првпат влегол во затворот, одговара: „Прво не знаеш дали во кругот се вработени во установата или се осудени лица“.

Јовановски одговара што претходело на заканите за палење на автомобилите на затворските полицајци и како може заканите да се испраќаат од затворениците. Затворот кубури со кадар – отворени боледувања, земени одмори, откази.

Зборува за третманот на Катица Јанева и Гордана Јанкулоска, но и други високопрофилни личности. Ексобвинителката излага на викенди, ексминистерката е затворена во четири ѕидови поради Правилникот. Прашан дали е ова фер, одговара: „Не“.

Директорот признава дека е скандалозен затворскиот систем па вели: „Наидов на многу проблеми, може да се решат доколку има слух и разбирање од институциите“.

Дали „Идризово“ расчисти со корумпираните командири, одговара директорот Јовановски во интервјуто на „Макфакс“.

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!