Утрински Весник
Свет

Киев им диктира прифатлива терминологија за војната во Украина на српските медиуми

Киев им диктира прифатлива терминологија за војната во Украина на српските медиуми

Украинската амбасада во Србија предизвика скандал кога на адресата на повеќе српски медиуми испратила имејл со наслов „Список на препорачана терминологија за руско-украинската војна“, кој содржи табела со точни и неточни зборови и изрази, кои, според нив, треба да ги користат српските медиуми во својата работа, пишува „Вечерње новости“.

dobivaj vesti na viber

„Имејлот што го добивте е автентичен. Станува збор за препорака што ја испративме до медиумите при подготовката на текстовите да ја користат терминологијата поврзана со војната во Украина во правилна форма“, велат од украинската амбасада за „Новости“ објаснувајќи дека имејлот бил испратен по директива од украинското Министерство за надворешни работи.

Табелата со наслов „Точна терминологија за руската агресија во Украина“ прикажува три колони. Во првата има примери кои се „неточни – погрешни – руски наратив“, во втората се „точни изрази“, а во третата колона се сместени „белешки“.

Па, така, според украинското МНР, не е во ред да се пишува „украинска криза – украински конфликт – војна во Украина“, туку треба да се пишува „руска агресивна војна против Украина – руска агресија против Украина“.

Погрешно е да се користи „руска специјална воена операција во Украина“, а правилното е „руска неиспровоцирана воена инвазија на Украина, која почна во 2022 година“.

Не е правилно да се спомнуваат „руски функционери во регионите Донецк, Керсон, Луганск и Запорожје“, туку „претставник на руската окупациска администрација во привремено окупираните делови на регионите Донецк, Херсон, Луганск и Запорожје во Украина“.

Изразите како „војната во Украина не е геноцид“, „анектирани украински области“, „санкциите против Русија предизвикаа прехранбена и енергетска криза“, исто така не припаѓаат во соодветната терминологија, според Киев, па затоа новинарите треба да ги користат изразите „руската војната во Украина е геноцидна по сите индиции“, „привремено окупирани украински територии“ и „руската агресивна војна против Украина предизвика прехранбена и енергетска криза“.

Во морето од „погрешни“ изрази се издвојува оној во кој украинското Министерство за надворешни работи наведува дека е погрешен изразот „обичните Руси не се одговорни за руските злосторства“ и нагласува дека „секој Русин е одговорен за руските злосторства во Украина сè додека ги поддржува режимот на рускиот претседател Путин и неговите постапки“.

Да потсетиме, Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) неодамна ги усвои извештајот и компромисните амандмани на извештајот за Србија од известувачот на ЕП за Србија, Владимир Билчик. Во извештајот, меѓу другото, се повикува Србија да ја почитува одлуката на СЕ за забрана на радиодифузните активности на „Спутник“ и РТ.

 

Можете да прочитате

Пезешкијан: Никогаш немавме намера да го убиеме Доналд Трамп

СЕК го тужи Илон Маск за наводни измами при купувањето на Твитер

Францускиот премиер Франсоа Бајро не се откажува од пензиската реформа