Утрински Весник
Свет

Руското МНР: Апсурдно е барањето да се забрани работата на руските медиуми во Србија

Руското МНР: Апсурдно е барањето да се забрани работата на руските медиуми во Србија

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, му одговори денеска на известувачот на Европскиот парламент за Србија, Владимир Билчик, во врска со барањето да се санкционира работата на „РТ Балкан“ и „Спутник“ во Србија.

dobivaj vesti na viber

Според Захарова, империјалистички е пристапот во кој одредени земји што немаат морална основа си даваат право да обликуваат светот и да одлучуваат кој смее, а кој не смее да направи нешто. Русија, како што истакна таа, не се согласува со тоа.

„Тие сега отворено велат дека Русија, таква каква што е, не треба да постои, дека не треба да има руска култура, јазик, руски медиуми, новинари. Тоа е империјалистички став, форма на неоколонијализам, во кој земјите што немаат морална основа си даваат право да ги обликуваат светот и развојот одредувајќи кој може да живее, зборува, тргува, создава, а кој не“, вели Захарова.

Руската дипломатка посочи дека според оваа, како што ја нарече таа, современа интерпретација на робовладетелството, „тие земји си даваат право да се сметаат за господари, а другите ги сметаат не како вазали, туку робови“.

Захарова предупреди дека така може да постапуваат кон оние што не може да одговорат, кои немаат физичка способност да одговорат.

„Но, ние имаме. Оние на кои им се допаѓаат таквите правила на игра имаат право да играат така, но нам не ми се допаѓаат и се побунивме против тоа“, истакна таа на новинарско прашање за обидите на Западот да ги задуши медиумите што не функционираат како што мислат тие дека треба.

Како што додаде Захарова, ова е апсурдна ситуација.

„Ваквите изјави зборуваат сами за себе. Исто како што зборуваше и советникот на украинскиот претседател, Михаил Подољак, за нивното законско право да уништат се на Крим, ДНР, ЛНР и во регионот Запорожје. Тие сега го демонстрираат правото да уништуваат, во конкретниот случај, не луѓе, туку средства за јавно информирање“, истакна Захарова.

Според Захарова, руските медиуми ги охрабруваат луѓето да заземат критички став врз основа на фактите, а тоа не им оди во прилог на плановите на Америка и на другите земји да го претворат сопственото население во зомби.

„Секоја алтернативна форма на мислење ги дискредитира нивните медиуми во очите на јавноста, кои се толку ангажирани што сами си противречат“, вели таа.

За потсетување, Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) го усвои извештајот и компромисните амандмани на извештајот за Србија на известувачот на ЕП за Србија, Владимир Билчик, со 43 гласа „за“, шест „против“ и пет „воздржани“. Во извештајот, меѓу другото, се повикува Србија да ја почитува одлуката на Советот за прекинување на радиодифузните активности на „Спутник“ и РТ на нејзина територија.

 

Можете да прочитате

Израелската армија објави дека цел на напад бил јужен Либан

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен