Утрински Весник
Македонија

Пендаровски за разрешувањето на Дамова: Со вакви постапки дополнително се намалува довербата во правосудниот систем

Пендаровски за разрешувањето на Дамова: Со вакви постапки дополнително се намалува довербата во правосудниот систем

Претседателот Пендаровски смета дека се вчера на седницата на Судскиот совет се случувале сцени кои не му доликуваат на телото кое има многу одговорна улога, со оглед на надлежностите кои ги има во изборот и разрешување на судии и оценување на работата на судиите, грижата за угледот на судството како клучен фактор за довербата на граѓаните кон судството.

dobivaj vesti na viber

„Со вакви постапки, дополнително се намалува кредибилитетот, не само на Судскиот совет, туку и довербата на граѓаните во правосудниот систем.

Во однос на прашањата за изборите на Весна Дамова и Селим Адеми како членови на Судскиот совет, информираме дека согласно уставните надлежности на претседателот и по извршени консултации, ја има предложено Весна Дамова до Собранието за член на Судскиот совет на Република Северна Македонија, во 2019 година како предлог кој доаѓа од редот на истакнати правници. Селим Адеми е избран за член на Судскиот совет по предлог на Собранието на Република Северна Македонија“ вели Пендаровски.

Низа забелешки за разрешувањето на Дамева имаше и правната фела. Повеќето сметаат дека не е изгласан ниту дневниот ред за да може да се премине на наредна точка. Како кочница за разрешувањето да биде легално, според правниците, се и седумте гласа, кои ги сметаат за недоволни бидејќи претседател се избира со осум гласа. На темата коментираа ексобвинител, адвокати, професори по право.

Загриженост поради разрешувањето на Дамева изрази и Државната комисија за спречување корупција. Оттаму ги потсетија членовите на Судскиот совет дека тие, како највисок орган на судската власт, треба да се залагаат за бескомпромисно почитување на принципот на владеење на правото и да обезбедат независност за судската власт.

И денеска избувна скандал во Судскиот совет. Новинарите, снимателите, фоторепортерите и јавноста останаа пред врата оти обезбедувањето добило наредба да не ги пушта да влезат во просториите во кои треба да се направи нов избор на претседател.

Вчера, во Судскиот совет имаше неколкучасовна драма, караници, престрелки. Заменикот на крајот успеа да ја разреши претседателката на Судскиот совет.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег