Утрински Весник
Свет

Русија воведе доживотна казна затвор за предавство

Русија воведе доживотна казна затвор за предавство
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Државната дума на Руската Федерација вчера ги одобри измените на Кривичниот законик според кои Русите обвинети за предавство може да бидат осудени на доживотен затвор, пренесува РТ.

dobivaj vesti na viber

Според измените во законот усвоени од Советот на Федерацијата – Горниот дом на парламентот – се воведува доживотен затвор за предавство за кое досега беше предвидена затворска казна од 12-20 години и парична казна до 500.000 рубли (6.100 долари).

Со новите амандмани на законот, исто така, се зголемува максималната казна за терористички напади и саботажи во случаи кога делата не резултираат со смртни последици од 15 на 20 години. Зголемена е и минималната казна за регрутирање во терористички активности од 5 на 7 години и од 10 на 12 години за помагање терористи.

Новиот закон предвидува зголемување на казната за членување во терористичка група од сегашните 5-10 години на 10-15 години затвор.

Амандманите на законот ќе стапат на сила откако ќе бидат одобрени и потпишани од рускиот претседател Владимир Путин,

Членот 275 од рускиот Кривичен законик го дефинира предавството како „шпионажа, оддавање државни тајни на странски земји и субјекти, пребегнување кај непријателот“, како и “помагање странска земја, меѓународна или странска организација или нивни претставници чиишто дејствијата се насочени против безбедноста на Руската Федерација“.

Претседателот на Комитетот за безбедност на Државната дума, Василиј Пискариов, истакна претходно овој месец дека промената во законот ќе овозможи прекршителите да бидат испраќани во затвори со максимална безбедност и значително ќе ја зголеми границата за условно ослободување.

„Одржувањето на безбедноста на Русија е наш најголем приоритет“, напиша на Телеграм Пискариов, кој е пратеник од владејачката Единствена Русија.

Русија воведе построги казни за неколку прекршоци откако Москва ја започна својата воена операција во Украина во февруари 2022 година. Минатата година, зголемени беа максималните казни за дезертерство, грабеж и за непочитување на наредбите на припадниците на војската.

Можете да прочитате

Рјабков: Русија и САД разговараа за прашања што предизвикуваат тензии во билатералните односи

Ким и неговата ќерка отвораа хотели

Амазон блокира илјадници пријави за работа сомневајќи се дека апликантите се севернокорејски агенти