Утрински Весник
Македонија

Судијката Маргарита (Цаца) Николовска главна во работната група за уставните измени

Судијката Маргарита (Цаца) Николовска главна во работната група за уставните измени

Работната група за подготвување предлог-иницијатива за измени на Уставот одржа конститутивна седница.

dobivaj vesti na viber

Членовите едногласно ги избраа претседателот и заменик-претседателот на работната група, кои се од редот на експертите, објави Министерството за правда.

За претседател на работната група избрана е Маргарита (Цаца) Николовска, поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, а за заменик-претседател Бајрам Положани, поранешен судија во Уставниот суд и професор по уставно право.

Предлагач на уставните измени е Владата, која го задолжи Министерството за правда да ја формира работната група. Работната група ќе има задача да ја подготви предлог-иницијативата за потребата од измени на Уставот. По изготвувањето, предлогот ќе биде доставен до Владата, која ќе треба да ја поднесе иницијативата во Собранието. Предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието.

Работната група има 23 члена, од кои 10 се од редот на експертите, 10 се предлози на политички партии и 3 члена се од институции, од Кабинетот на претседател на РСМ, МНР и СЕП.

Министерот за правда, Кренар Лога, и заменичката на министерот за правда, Викторија Аврамовска-Мадиќ, им посакаа успешна работа на членовите на работната група и им порачаа дека ова е историска шанса за остварување на нашата стратешка цел – членството во ЕУ.

 

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег