Утрински Весник
Спорт

Двајца играчи го кочат трансферот на Меси во Барселона

Двајца играчи го кочат трансферот на Меси во Барселона

Лионел Меси би можел да се врати во Барселона на крајот од оваа сезона, но каталонскиот гигант мора да обезбеди многу пари за да ја спроведе целата операција, но и да ги почитува правилата на финансискиот фер-плеј.

dobivaj vesti na viber

Дел од решението е да се намалат платите на некои играчи, но не сите се задоволни поради тоа и одбиваат да постапат според инструкциите на клубот.

Франк Кеси и Андреас Кристенсен го одбија предлогот на клубот за намалување на платата и со тоа директно се спротивставија на желбата на клубот кој мора да ги намали трошоците за приближно 200 милиони евра доколку сака да донесе звучно засилување во летниот преоден рок.

Клубот побарал играчите да ги намалат своите плати за 15 отсто. Кеси и Кристенсен го одбиле предлогот со образложение дека тие веќе прифатиле помали договорот минатото лето кога пристигнаа во Барселона.

Кеси и Кристенсен во Барселона дојдоа како слободни играчи.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари