Утрински Весник
Свет

Јужна Африка сака да го напушти Меѓународниот кривичен суд

Јужна Африка сака да го напушти Меѓународниот кривичен суд

Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса изјави вчера дека неговата земја е подготвена да го напушти Меѓународниот кривичен суд (МКС), кој во март издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, пренесува „Гласот на Америка“.

dobivaj vesti na viber

МКС издаде налог за апсење на Путин во март годинава поради наводите за незаконска депортација на украински деца во Русија. Ако Путин присуствува на годишниот самит на БРИКС, Јужна Африка е обврзана да го уапси.

Јужна Африка изрази фрустрација за тоа како налогот за апсење ќе влијае на претстојниот самит на БРИКС на кој се очекува да присуствуваат Путин, Рамафоса и лидерите на Бразил, Индија и на Кина.

БРИКС е акроним за пет водечки светски економии: Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. Терминот „БРИК“ беше измислен од економистот Џим О’Нил во 2001 година, а Јужна Африка беше додадена во 2010 година.

Од 2009 година, БРИКС се однесува повеќе како формална меѓувладина организација, а земјите се состануваат годишно на самити и ги координираат мултилатералните политики, пишува „Форбс“.

Јужна Африка не ја осуди руската инвазија на Украина, туку тоа избра да остане неутрална во однос на војната, повикувајќи на дијалог за да се стави крај на конфликтот.

Рамафоса истакна дека владејачкиот Африканскиот национален конгрес (АНЦ) – долгогодишен пријател на Москва и на Путин -долго време смета оти МКС неправедно се однесува кон некои земји, веројатно алудирајќи на фактот дека многу африкански лидери беа изведени пред судот во Хаг.

„Ние би сакале соодветно да се дискутира за ова прашање на нефер третман“, изјави Рамафоса. „Но, во меѓувреме, владејачката партија уште еднаш одлучи дека треба да има повлекување, така што тоа ќе биде прашање на кое ќе се фокусираме“.

АНЦ сакаше да ја повлече земјата од МКС уште пред неколку години, но беше спречена во тоа од јужноафриканскиот суд кој оцени дека потегот е неуставен.

Сепак, Преторија одби да го уапси поранешниот судански диктатор Омар ал-Башир кој ја посети земјата во 2015 година и покрај налогот за негово апсење од МКС.

Можете да прочитате

Десничарските популисти стануваат „нова нормалност“ во европската политика

Ким: Русија има право на самоодбрана

Предвремени парламентарни избори на Исланд