Утрински Весник
Македонија

Земјотрес утринава во Струмица и Штип

(Видео) Силен земјотрес од 7,2 степени го погоди Таџикистан

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава 26.04.2023 година регистрираше два земјотреси од кои првиот 120 km југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Струмица, а вториот на 70 km југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Св. Николе – Штип.

dobivaj vesti na viber

Како што информираат оттаму,  според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, првиот земјотресот се случил во 4 часот и 55 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.2 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала и бил почувствуван од населението во Струмица и околината, а вториот се случи во 6 часот и 32 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.0 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала и бил почувствуван од населението во Штип и околината.

Можете да прочитате

Велосипедист прегазен кај Кочани, починал на лице место

Речиси еден месец Гостивар пиел фекално загадена вода

Филипче да не собира политички поени врз грбот на граѓаните во Гостивар, велат од ВМРО-ДПМНЕ