Утрински Весник
Македонија

Цената на лебот останува замрзната до крај на јуни

Цената на лебот останува замрзната до крај на јуни

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки.Со Одлуката, се продолжува примената на веќе утврдени највисоки трговски маржи, од 30 април 2023 година, до 30 јуни 2023 година, за следниве стоки:–  за леб бел (сечен на парчина или цел), шеќер бел и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло), за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец, во утврдената висина до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало и– за брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, јајца од кокошка, урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец, во утврдената висина до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало.

dobivaj vesti na viber

Можете да прочитате

Избувна пожар кај Морани – 24info.mk

Средба на министерот Муцунски со сенаторот Петер Велч во Вашингтон

Од протестот во Скопје: Барања за одговорност за полицијата, обвинителството и центрите за социјална работа