Утрински Весник
Македонија

Томовски: Со расфрлање на пердуви Артан Груби нема да го промени фактот дека е дел од една голема афера

Томовски: Со расфрлање на пердуви Артан Груби нема да го промени фактот дека е дел од една голема афера

Артан Груби со расфрлање на пердуви во јавност и правење дефокус од криминалот за кој е разоткриен нема да го промени фактот дека е дел од една голема афера за која што ќе има одговорност и за која и тој лично ќе одговара, вели Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Воедно заборава дека и во некоја друга влада партнер беше Дуи и практично беше дел од власта и со самото тоа и тој и неговата партија беа дел од “заробената” држава и “стиропорите”“, вели Томовски и додава:

„А кога веќе станува збор за инвестиции кои ќе ги донесат и инвеститорите кои ќе ги привлечат криминалните коридори 8 и 10д, да не почнуваме да прави споредби колку странски инвестиции се донесени во Македонија за период од 2006-2017 а колку од 2017-2023, затоа што и малите деца можат да направат така голема разлика“.

Можете да прочитате

ИЈЗ со важни препораки за граѓаните на Гостивар

Поранешни сопружници меѓусебно се пријавиле за физички напади

Малолетничка од Куманово ја нападнала својата баба