Утрински Весник
Магазин

Фановите на „Дипломат“ прават споредби со легендарната политичка драма „Западно крило“

Фановите на „Дипломат“ прават споредби со легендарната политичка драма „Западно крило“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Најновиот политички трилер „Дипломат“ во продукција на „Нетфликс’ штотуку пристигна на стриминг-платформата, а гледачите веќе се полни со пофалби за серијата.

dobivaj vesti na viber

„Дипломат“ ја следи новоименуваната американска амбасадорка во Обединетото Кралство, Кејт Вајлер (ја глуми Кери Расел). Кејт и нејзиниот сопруг, колега дипломат од кариера, Хал се навикнати да работат во кризни зони. Таа требало да биде распоредена во Кабул, Авганистан. Меѓутоа, поради кризата во која е вклучен брод на британската морнарица, американскиот претседател наместо Кабул, ја испраќа во Лондон.

Таму, таа е принудена да се прилагоди на животот во луксузен дом додека се обидува да санира или да создаде стратешки сојузи, да ги ублажи меѓународните инциденти, да се прилагоди и на својата улога и на новите колеги.

Серијата ја напишана Дебора Кан, која претходно работеше на „Вовед во анатомија“, „Хоумленд“ и „Западно крило“. Раните реакции од фановите се чини дека се прилично позитивни, а имаше некои кои направија споредби помеѓу овој елегантен нов трилер и омилениот класик на Ен-би-си на Арон Соркин.

„Кери Расел може да глуми во сè, но таа е неверојатна во „Дипломат“. Гледав само една епизода, но јас веќе ја сакам серијата…целосно ми дава вибрации на ‘Западно крило’,“ твитна корисник на стриминг-сервисот.

Можете да прочитате

Италија го казни Apple со скоро 100 милиони евра

Домашните миленици го подобруваат менталното здравје на сопствениците

Поларните мечки генетски се прилагодуват на потоплата клима