Европската фудбалска унија (УЕФА) би можела да го исфрли Јувентус од европските натпреварувања поради финансиски малверзации.
Клубот од Торино беше казнет со одземање на 15 бодови, но Судот во Лозана ја прифати жалбата и Италијанската федерација му ги врати бодовите. „Газета дело Спорт“, тврди дека Јувентус сега се соочува со казна од УЕФА.
Моментално, Јувентус се наоѓа на третото место кое води во Лигата на шампионите и доколку останат таму и се пласираат во престижното натпреварување, може да се очекува реакција од Нион и исфрлање на Јувентус.
УЕФА ќе мора да реагира до почетокот на август, иако од оваа организација се надеваат дека во овој случај ќе реагира италијанскиот правосуден систем.
Доколку Јувентус не се квалификува за едно од трите натпреварувања, ја отстранува итноста во акцијата на УЕФА, која може да чека италијанскиот судски систем да донесе одлука.
Во тој случај, избраниците на Макс Алегри би можеле да бидат казнети со неиграње во Европа во сезоната 2024/25.