Утрински Весник
Свет

Девојка во Данска со детектор за метал пронашла 300 сребрени монети на древните Викинзи

Девојка во Данска со детектор за метал пронашла 300 сребрени монети на древните Викинзи

Кај викиншката тврдина во северозападна Данска, откриени се речиси 300 сребрени монети стари повеќе од 1.000 години. Нив ги пронашла девојка со детектор за метал, пишува „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

„Вакво нешто е многу ретко“, изјави за АФП, Ларс Кристијан Норбах, директор на Историскиот музеј во Северен Јитланд, каде што ќе бидат изложени монетите. Сребрените монети се пронајдени на околу 8 километри од викиншката тврдина Фиркат, во близина на градот Хобро. Експертите кои ги испитувале мислат дека монетите датираат од 980-тите години.

Викинзите верувале дека по смртта ќе го најдат богатството што го закопале.

 

Музејот ќе ги изложи пронајдените монети во јули, а девојката што ги нашла ќе добие паричен надомест за наодот.

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот