Утрински Весник
Македонија

Меџити свесен дека нема возила за брза помош, побара поддршка од медиумите: Повикувам и вие да помогнете во тој правец

Меџити свесен дека нема возила за брза помош, побара поддршка од медиумите: Повикувам и вие да помогнете во тој правец

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, рече дека е свесен дека има државни здравствени установи со едно или без ниту едно возило за брза помош, а кои опслужуваат илјадници граѓани. Рече дека барал пари пред две недели, но посочи дека тој наследил буџет со кој не се согласува. Посочи дека имал состанок со министерот за финансии и премиерот за да се најде решение.

dobivaj vesti na viber

Прашан кое е решението бидејќи нема возила за брза помош, тој рече: „Тоа е вистина, јас ве повикувам на секој настан, секогаш се обраќам кон вас, и вие да помогнете во тој правец. Јас сум министер речиси два месеца, овие проблеми биле и претходно. Затоа ве повикувам секојпат, многу сум отворен и транспарентен, дајте да ги решиме проблемите. Дали има проблеми? Има милион проблеми. Затоа сум тука, со екипата, вие заедно и целото население. Сите знаат дека има милион проблеми во здравството. Дајте еднаш засекогаш да почнеме еден по еден да ги решиме“, рече Меџити.

За време на продолжениот викенд возило за брзата помош од кумановската болница се судри среде Скопје и се преврте. Од вкупно три возила, две се на поправка и едно е превртено, болницата остана без возила за итен транспорт и позајмува од друг здравствен дом. Ова одново го отвори прашањето за набавка на возила за транспорт на пациенти.

Можете да прочитате

Александар Николоски повторно во посета на Унгарија

Поради пожар повторно забрана за сообраќај на регионалниот пат Македонски Брод – Скопје

ОЈО отвори истрага за лицето што се закануваше со подметната бомба во авион