Утрински Весник
Свет

Шведска социјалдемократка предизвика бес кога твитна „Го мразам Израел“

Шведска социјалдемократка предизвика бес кога твитна „Го мразам Израел“

Матилда Аминто Јансон, окружен претседател на шведското младинско крило на социјалдемократите (ССУ) во Оребро, наиде на жестоки критики предизвикани од нејзината антисемитска тирада и вокална омраза кон Израел, пренесува „Спутник“.

dobivaj vesti na viber

„Го мразам Израел како земја и никогаш не сум мислела поинаку. Кога велам Израел, мислам на државата, а не на народот на Израел, толку ли е тешко да се разбере?“, напиша Аминто Јансон во сега избришаниот твит.

Меѓутоа, во своите претходни објави Јансон отиде дотаму што твитна „Е*и се Израел“ и други вулгарности.

Ова предизвика жестоко негодување во јавноста, особено од Еврејската младинска организација (ЈУС).

„Не постои соодветен начин да се критикува фактот дека окружниот претседател на ССУ, Оребро, смета дека е легитимно да се зборува на овој јазик“, објави ЈУС на „Твитер“.

Во интервју за локални медиуми, претседателката на ЈУС, Хана Нир, истакна дека Матилда Јансон објавила неколку твита што се граничат со антисемитска критика на Израел.

Во ироничен пресврт во меѓувреме, кога Јансон беше избрана за претседателка на ССУ, лидерката на социјалдемократите и поранешна премиерка, Магдалена Андерсон, истакна дека Јансон бил изложена на омраза и закани и дека таквите проблеми мора да се решат со нови закони.

И покрај склоноста кон неконтролирана реторика и напади што многумина ги сметаат за антисемитски, донекаде иронично што Јансон се претставува како жртва на омраза и малтретирање преку интернет.

Како одговор на критиките, особено истакнувајќи ги нападите од нацистите, меѓу другите, таа најави дека помалку ќе го користи „Твитер“.

 

„Ќе ја намалам мојата активност на ‘Твитер’ не затоа што нацистите ме исплашија туку затоа што имам многу други работи во животот на кои треба да се фокусирам. Бакнежи!“, твитна Аминто Јансон.

Ова, сепак, не помина најдобро на социјалните мрежи.

„Сосем правилна одлука да се намали активноста на ‘Твитер’. Мислам дека треба и да побарате стручна помош за вашата омраза и расизам бидејќи премногу често пишувате за Евреите. Постои помош, треба само да се побара“, напиша еден твитерџија за дебаклот.

„’Нацистите’ од Еврејската младинска унија ли ве прозваа поради антисемитизмот? Најлошиот вид нацисти“, саркастично напиша друг.

„Што планирате сега? Истребување на Евреите? Терористички дела во Израел?“, прашува трет корисник на „Твитер“.

Еден од критичарите ги советуваше социјалдемократите да размислат за тоа кои се вистинските расисти посочувајќи ја тенденцијата на најголемата шведска партија – која со децении владееше со Шведска и продолжува да има клучна улога во шведската политика – да ги прикажува своите ривали од десницата како расисти.

Јавноста сè уште памети како поранешниот шведски премиер Стефан Лофвен, на пример, жестоко ги нападна националистичките шведски демократи како нацисти, но подоцна ги повлече своите изјави.

 

Можете да прочитате

Грузиската полиција со водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во ЕУ

11 кинески и руски воени авиони влегоа во зоната за воздушна одбрана на Јужна Кореја

Шпанија воведува платено климатско отсуство