Утрински Весник
Македонија

Грковска крена раце од објавување на договорот со „Бехтел и Енка“, ги повика институциите да го проверат

Грковска крена раце од објавување на договорот со „Бехтел и Енка“, ги повика институциите да го проверат

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, по неколкуте изјави дека договорот со „Бехтел и Енка“ не треба да се крие од јавноста, повеќе не инсистира на негово објавување. На прашањата од „Макфакс“ дали таа го проверила, како што најави минатата недела, Грковска не даде конкретен одговор, туку посочи дека одговорите ги дал премиерот.

dobivaj vesti na viber

„Ве известуваме дека претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, веќе одговори на прашањето во врска со достапноста на договорот со ‘Бехтел и Енка’. Во таа насока, вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, ги повикува сите институции што се надлежни  да ја испитаат законитоста на договорот, ги охрабрува да го сторат тоа во најбрз можен рок и да ги преземат сите дејства во согласност со нивната надлежност“, велат од Кабинетот на Грковска.

Премиерот Димитар Ковачевски минатата недела извести дека договорот со „Бехтел и Енка“, вреден 1,3 милијарда евра, има класифицирани делови поради кои не може да биде објавен, но рече дека сите 400 страници од договорот ќе бидат испратени во Обвинителството. Премиерот Ковачевски очекува Обвинителството да ги провери сите сомневања на јавноста и на политичките партии, кои се појавија по неговото потпишување.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег