Утрински Весник
Спорт

Фабрицио Романо: Челзи избра нов тренер

Фабрицио Романо: Челзи избра нов тренер

Челси моментално се 11. на табелата во Премиер лигата и нема победа на шест натпревари по ред во сите натпреварувања. Привремениот тренер Френк Лампард не успеа да го разбуди тимот по заминувањето на Греам Потер, а во меѓувреме клубот работи на доведување тренер за новата сезона. Според информациите на Фабрицио Романо, тоа би требало да биде Маурицио Покетино (51), кој е невработен од летото 2022 година, по разделбата со ПСЖ.

dobivaj vesti na viber

Аргентинецот има големо искуство во Премиер лигата бидејќи успешно ги водеше Саутемптон од 2013 до 2014 година и Тотенхем од 2014 до 2019 година. Романо додава дека оваа недела ќе бидат финализирани преговорите со и дека Аргентинецот е првиот фаворит на нов тренер на Челзи.

„Вториот кандидат е Винсан Компани, кој со Барнли убедливо избори промоција од Чемпионшип во Премиер лигата. Луис Енрике и Јулијан Нагелсман не се кандидати за нов тренер на Челзи“, додава Романо.

Можете да прочитате

Убедлив триумф на македонските кошаркари против Азербејџан

Партизан ја одби оставката на Обрадовиќ

Македонец нов европски шампион во мотоциклизам