Манчестер сити и Манчестер јунајтед на 3 јуни, на „Вембли“ во Лондон, ќе го одиграат финалето во ФА купот. Викендов, Сити со хет-трикот на Ријад Марез го победи Шефилд јунајтед во полуфиналето, додека Јунајтед славеше во пенал-рулетот против Брајтон со 7:6.
Манчестер сити има шанси сезонава да освои тројна круна. Имаат реални шанси да бидат најдобри во Премиер лигата, Лигата на шампиони и ФА купот. Само генерацијата на Манчестер јунајтед од 1999 година, од абглиските тимови, успеала да ги освои овие три трофеи во една сезона.
Навивачите на Јунајтед се плашат дека нивните омразени ривали ќе го прослават овој колосален успех токму против нив. На ова прашање во шега одговори Пеп Гвардиола: „Не мора да се плашат, ние сме соседи! Соседите секогаш се добри едени кон други“.
Потоа ја спушти топката на земја: „Сè уште сме далеку од титулата, така што во овој момент не е на место да се зборува за тоа. За шест години колку што сум на чело на Сити, загубивме во завршна фаза од натпреварувањето, финалето на Лигата на шампионите или полуфиналето на ФА Купот. Но, горд сум на се што направивме јас и моите колеги. Се разбира, ја освоивме Премиер лигата. Во спротивно, веројатно овде би седел некој друг менаџер“.