Утрински Весник
Свет

(Видео) Приведени тројца мажи по тепачката на рели во Хрватска

(Видео) Приведени тројца мажи по тепачката на рели во Хрватска

Полициските службеници во Хрватска спроведуваат кривична истрага против тројца мажи на возраст од 30, 28 и 23 години, кои се поврзуваат со тепачка за време на трката на рели WRC. Полицијата ги сомничи дека вчера попладне сториле прекршоци по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и Законот за спречување на нарушувања на спортските натпревари во населбата Данчуловиќи, кај Озље.

dobivaj vesti na viber

По завршување на кривичната истрага, осомничените, утре, ќе бидат изведени пред надлежниот Општински суд.

Инаку, на социјалните мрежи се прошири видео на кое се гледа како неколку луѓе се тепаат на патот низ кој минува тркачката делница.

Можете да прочитате

ВИДЕО Француски крадци покажуваат украдена стока на TikTok: „Газевме врз полицијата“

Катастрофални поплави во Шпанија, пороите однесоа автомобили, двајца загинати

Демонстрантите го блокираа Лувр во Париз, туристите не можат да влезат во музејот