Утрински Весник
Свет

Млад маж во Германија со нож напаѓал луѓе во теретана, тешко ранил четворица

Млад маж во Германија со нож напаѓал луѓе во теретана, тешко ранил четворица

Германската полиција уапси 26-годишен осомничен за напад со нож врз неколку лица во теретана во Дуизбург, соопшти Јавното обвинителство. Во нападот што се случи во вторникот четири лица се тешко ранети.

dobivaj vesti na viber

Полицијата ги прегледа снимките од надзорните камери за да го пронајде осомничениот, кој беше уапсен по полноќ, изјави обвинителката Џил Мекалер. Осомничениот утре треба да биде изведен пред истражен судија. Мотивите за нападот се уште не се откриени.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен: Време е да изградиме нова, независна Европа

Трамп се закани со царини од 200% за француски вина

Русија со Трамп: Гренланд не е природен дел од Данска