Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Кан ги нападна играчите на Баерн: Овие фудбалери не сакаат да бидат шампиони

Кан ги нападна играчите на Баерн: Овие фудбалери не сакаат да бидат шампиони
Img 7972

Баерн Минхен загуби од Мајнц со 1:3 во 29. коло во Бундеслигата и со тоа падна на второто место, додека Борусија Дортмунд со бод повеќе ја презеде лидерската позиција.

dobivaj vesti na viber

Клупските челници Оливер Кан, Хасан Салихамиџиќ и Херберт Хајнер по натпреварот влегоа во соблекувалната на избраниците на тренерот Томас Тухел. Директорот Кан вината ја гледа кај фудбалерите.

„Кој сака да стане шампион на Германија? Секако, овој тим – не“, беснеел Кан, а пренесува „Кикер“.

Кан смета дека секој играч на Баерн „мора да се запраша дали вложил доволно од себе за клубот да ги постигне целите“ и истакнал дека второто полувреме било „катастрофално“.

Откако Тухел го презеде тимот по заминувањето на тренерот Јулијан Нагелсман, Баерн Минхен има само две победи во седум натпревари. Испадна од Лигата на шампионите и од Купот на Германија, што значи дека му преостанува да се бори за Бундеслигата каде што сега заостанува зад Борусија Дортмунд.

„Тухел е последниот за кој треба да разговараме. Тој и неговиот штаб прават сѐ, тактички и психолошки, за да им дадат до знаење на играчите дека вреди да се освои титулата германски шампион. И покрај лошата игра, можеме да станеме шампиони. Сѐ е можно“, заклучува Кан.

Можете да прочитате

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер