Утрински Весник
Свет

Манолова од „Исправи се, Бугарија“: Двете партии се како две невести, сакаат брак ама мама и тато не им даваат

Манолова од „Исправи се, Бугарија“: Двете партии се како две невести, сакаат брак ама мама и тато не им даваат

Здружувањето меѓу „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ и ГЕРБ-СДС не би бил коалиција, туку дијагноза. Ова во емисијата „Офанзива“ на бугарскката НОВА ЊУЗ го изјави претседателката на „Исправи се, Бугарија“ Маја Манолова. Според неа, политичкиот театар ќе заврши со нови избори.

dobivaj vesti na viber

„Овој првомајски трудбенички ентузијазам за формирање влада што ги зафати партиите во Парламентот е натпревар на зборување и лажење. Тоа е театар на сенки. Сенките се партиските интереси кои се спротивни на интересите на граѓаните. На сцената гледаме секакви ликови – трагични, комични, драматични, но и марионети“, рече таа.

Според неа, нејзината партија за време на изборната кампања не најавила дека ќе формира влада. „Ние не ги излажавме нашите гласачи. Двете големи партии се како две невести и двете сакаат брак, ама мама и тато не им даваат. Се плашат да ја кажат вистината – нема да формираат влада. Цената на оваа претстава ја плаќаат бугарските граѓани“, додаде Манолова.

 

Можете да прочитате

ОПЕК+ предупредува на трошоците за поправка на оштетените енергетски капацитети на Блискиот Исток

По острите закани кон Иран, Трамп сега вели дека постојат „добри шанси“ за постигнување договор пред истекот на ултиматумот

Италијанските аеродроми се соочуваат со недостиг на гориво поради војната со Иран