Утрински Весник
Македонија

Семејното насилство во пораст, три интервенции на МВР за еден ден

Семејното насилство во пораст, три интервенции на МВР за еден ден

Вчера во 18.50 часот 33-годишна кумановка пријавила дека околу 14.00 часот во Куманово во домот била физички нападната од нејзиниот сопруг Н.Т.(40) од Куманово. 

dobivaj vesti na viber

Истиот ден во 19.10 часот С.А.(39) од Гостивар пријавил дека околу 17.30 часот во Гостивар бил физички нападнат од Ф.А.(48) и Ј.А.(27), со кои е во роднинска врска. 

Денеска, пак, во 01.50 часот на подрачјето на Кисела Вода од полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода бил лишен од слобода Ш.У.(34) од Скопје поради тоа што околу 01.00 часот во домот со стаклен предмет физички го нападнал неговиот 28 годишен брат и му се заканувал со остар предмет.

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветени поднесоци.

 

Можете да прочитате

Мицкоски и Крис Павловски на вечера разговараа за иднината на Македонија

Стејт департмент: Закани, насилство и политички притисок врз медиумите во Македонија

Граѓанска победа: Багерите повлечени од Кожуф