Утрински Весник
Спорт

Тухел го исфрлил газадата на Челси од соблекувалната, неколку дена подоцна доби отказ

Тухел го исфрлил газадата на Челси од соблекувалната, неколку дена подоцна доби отказ

Томас Тухел, во септември минатата година неочекувано доби отказ во Челси. Германецот во јануари 2021 година ги презеде „сините“, а четири месеци подоцна на клубот му ја донесе титулата во Лигата на шампионите, потоа го освои Суперкупот на Европа и, Светското клупско првенство.

dobivaj vesti na viber

Работите во Челси започнаа да се менуваат по заминувањето на Роман Абрамович и неговите главни соработници Марина Грановскаја и Петр Чех го напуштија клубот.

Новиот сопственик, американскиот милијардер Тод Боели, уште од самиот почеток покажал голема доза нетрпеливост кон Тухел, во еден момент изјави дека Германецот е „кошмарен за соработка“, така што на почетокот на септември 2022 година, по поразот од Динамо Загреб во првото коло од Лигата на шампионите, доби отказ.

Британските медиуми објавија зошто Американецот решил да го отпушти тренерот.

Три дена пред мечот со Динамо, на 3 септември 2022 година, Челзи на домашен терен го совлада Вест Хем со 2:1 со головите на Бен Чилвел во 76. и Каи Хаверц во 88. минута.

На полувреме се случил инцидентот поради кој Тухел неколку дена подоцна доби отказ.

Натпреварот со Вест Хем, со неколку свои пријатели и нивните деца го следел Боели. На полувреме се обидел да ги однесе во соблекувалната. Кога се појавил таму Тухел веднаш го избркал.

Наводно, тоа само дополнително го изнервирало Боели, кој во првата прилика му врачил отказ на германскиот стратег, а на негово место дојде Грем Портер.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина