Утрински Весник
Економија

Зелената енергија во подем: Македонската берза за електрична енергија треба да започне во мај

РКЕ издаде 400 лиценци: Со струјата од обновливи извори може да се снабдуваат десет градови

Македонската берза за електрична енергија, која треба да започне во мај, се очекува да има значителни импликации за енергетскиот сектор во земјата. Овој развој со нетрпение се очекува бидејќи означува значаен чекор кон воспоставување локален пазар на електрична енергија и намалување на зависноста од надворешните пазари.

dobivaj vesti na viber

Производителите на обновлива енергија ќе можат да учествуваат во размената на електрична енергија и да тргуваат, со што оваа берза ќе им обезбеди платформа да ја продаваат својата енергија и да заработат од поставените фотоволтаици.

Според податоците од РКЕ, досега регулаторот издал лиценци за 437 централи за производство на струја од обновливи извори. Од нив доминираат фотоволтаиците односно за производство на струја од сонце. Сепак има и дозволи за централи за произвдство на струја од ветер, вода и биогас. Според проценките на РЕ, со овој инсталиран капацитет од 2022 и 2023 година, со струја можат да се снабдат 10 градови низ земјава.

Отвораањето на Македонската берза за електрична енергија може да го поттикне развојот на проекти за обновлива енергија во земјата, да промовира одржливи енергетски практики и да придонесе за транзицијата на земјата кон поеколошки енергетски систем.

Можете да прочитате

Стапката на слободни работни места останува 2,02% во третото тримесечје

ПИОМ: Пензии редовно се исплаќаат и ќе се исплаќаат

Филипче: Зошто власта купува скапа струја за 140 евра наместо да произведува за 85 евра